Skip to main content

Избоден 12-годишник донесен во Градска, истите напаѓачи малолетници со нож повредиле и друго дете

архива

Вчера во 14:53 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ – Скопје e пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје.

Според пријавеното, повредите му ги нанел друг малолетник истиот ден околу 13:00 часот, на подрачјето на Шуто Оризари.

Во врска со истиот случај, во 23:55 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А.(36) од Скопје пријави дека и нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, а еден од нив му нанел повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести