Skip to main content

16-годишник со тешки повреди на Клиники откако бил нападнат со нож од двајца малолетници

Ноќва во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од село Матејче, липковско, затоа што во истото село со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Поврзани вести