Skip to main content

Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на проблемот со Југохром!

По актуелизирањето на ризикот од токсичната депонија со 6 – валентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата на Република Македонија одлучи да преземе мерки за спречување на загадувањето.


Во моментов постои донатор кој може преку грант да го финансира првиот чекор – санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со 6 – валентен хром. Но, за да се отвори можноста за финансии, потребно е Министерот да ја достави потребната документација.

Рокот е краток!

Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект. Ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот.

Доколку рокот не се испочитува, нема да има финансиска помош, а со тоа ризикот од понатамошно загадување останува!

Поврзани вести