
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска организира културно-моден настан „Мода меѓу страници“.
Како што информираат од Градската библиотека, под мотото „Библиотеката е во мода, модата е во библиотека“, настанот ќе понуди несекојдневен спој на книжевноста, модата и музиката.
На настанот ќе се одржуваат модна ревија, сценски настапи со поезија и музика, со акцент на книгата како инспирација, видеопроекции и креативни моменти што ја оживуваат приказната на страниците и уникатна уметничка атмосфера, со мултимедијален перформанс на модната креаторка Ивана Кнез, каде книгата станува центар на вниманието.
Организаторите посочуваат дека настанот е замислен како спој меѓу културата и современото, со цел да се истакне дека читањето е секогаш модерно.

Македонски



