Skip to main content

СДСМ со 10.000 амадмани ќе го блокира донесувањето на Изборниот законик

Претседателот на СДСМ Венко Филипче соопшти дека пратеничката група на СДСМ подготвува 10.000 амадмани на Изборниот законик.

Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни, напиша Филипче на Фејсбук.

Собранието вчера ја утврди потребата од носење на Изборниот законик по скратена постапка. 

Партиите СДСМ и Левица најавија дека ќе го бојкотираат Изборниот законик затоа што тој според нив тој мора да се донесе со консензус, а спорни се и одредени точки од него.

Поврзани вести