
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше најбрз во квалификациите за Гран при на Австрија.
Британецот попладнево во Спилберг ја освои четврта пол-позиција во сезоната и 11. во неговата кариера. Расел претходно победи во квалификациските рунди за Гран При на Австралија, Канада и Гран При на Барселона-Каталонија.
Сезонава тој ја искористи пол-позицијата за да стигне до победата само на трката во Мелбурн.
Мерцедес ги освои сите осум пол позиции оваа сезона. Лидерот во Формула 1, Андреа Кими Антонели, исто така, има четири пол позиции.
Редослед по кој ќе тргнат првите десет на утрешната главна трка на патеката „Ред Бул ринг“:
1. Џорџ Расел (Мерцедес)
2. Шарл Леклер (Ферари)
3. Луис Хамилтон (Ферари)
4. Андреа Кими Антонели (Мерцедес)
5. Макс Верстапен (Ред Бул)
6. Ландо Норис (Мекларен)
7. Оскар Пјастри (Мекларен)
8. Исак Хаџар (Ред Бул)
9. Лиам Лосон (Рејсинг Булс)
10. Арвид Линдблад (Рејсинг Булс).

Македонски



