
Со шесте натпревари што се играат вечерва и по полноќ ќе биде позната разврската во уште три групи од првата фаза, кои репрезентации (две од грипа) ќе продолжта во нок аут фазата, а кои три (третопласирани) ќе чекаат завршување на првата фаза.
Во групата И двете првопласирани репрезентации се познати, а тоа се Франција и Норвешка, кои во меѓусебниот дуел ќе решат за првото место во групата. Во вториот дуел играат Сенегал и Ирак, а победникот може да се надева со три бодови на пласман во следната рунда. Почетокот на двата дуела е во 21 часот.
Во 02 часот по полноќ се играат дуелите од Х групата Уругвај – Шпанија и Зелено ’ртски острови – Саудиска Арабија. Шпанија е лидер во групата со 4 бодови, додека Уругвај и Зелено ’ртски острови имаат по два бода и со победи двете репрезентации ќе обезбедат пласман во нок аут фазата, а на такво нешто се надева и Саудиска Арабија, но за тоа е потребна победа.
Иста е состојбата и во Г групата, каде во 05 часот по полноќ ќе играат: Нов Зеланд – Белгија и Египет – Иран. Лидер е Египет со 4 бодови, Иран и Белгија имаат по 2 бода, а Нов Зеланд е последен со еден бод. Репрезентациите што ќе победат ќе имаат шанси да ги обезбедат двете први места во групата.

Македонски



