Skip to main content

На Урологија презентиран нов метод за откривање микроскопски траги од тумор во крвта и кога КТ и МР не покажуваат промени

Фејсбук профил на Клиниката за урологија

Нов метод ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) – современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени, е презентирана вчера на Универзитетската клиника за урологија, објавија на Фејсбук од таа јавна здравствена установа.

Тестот не поставува дијагноза сам по себе, но претставува важна алатка за попрецизно и персонализирано следење на пациентите. Иднината на онкологијата е во персонализираната медицина – вистински третман за вистинскиот пациент во вистинско време, стои во објавата на Клиниката.

Особено значајни резултати, како што се наведува, се покажуваат кај пациентите со карцином на мочниот меур, каде што раното откривање на ризикот од рецидив може да придонесе за подобар исход од лекувањето.

Поврзани вести