
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2026 година изнесува 73.366 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Во однос на април 2025 година, просечната бруто-плата е зголемена за 7,4%.
Зголемувањето, како што се наведува, најмногу произлегува од растот во неколку сектори, меѓу кои финансиските дејности и осигурување, каде е забележан раст од 27,5%, потоа снабдување со вода, управување со отпадни води и отпад со 9,5%, како и трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли со раст од 8,9%.
Во споредба со претходниот месец, зголемување на бруто-платата е забележано во истите сектори, при што финансиските дејности бележат раст од 20,3%, трговијата 2%, а административните и помошни услужни дејности 2,0%. Раст има и во јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, од 1,8%.
Податоците покажуваат дека платниот раст е нерамномерно распределен по сектори, со најизразен пораст во финансискиот сектор.

Македонски



