
Репрезентацијата на Парагвај постигна голема победа откако ја совлада Турција со 1:0, а целото второ полувреме играше со играч помалку. Репрезентацијата успешно се бранеше, а се покажа дека голот на Матијас Галарса во 64 секунда од дуелот беше решавачки.
– Можеме да играме и против најдобрите репрезентации и тоа го почитуваме, но никогаш нема да бидеме аутсајдери. Секогаш ќе го дадеме нашиот максимум. Сакам да го видам борбениот дух кај нашите играчи, изјави на прес конференцијата селекторот на Парагвај Густаво Алфаро.
Со победата над Турција (1:0) Парагвај го елиминираше директниот конкурент, а во последното коло неговата репрезентација игра против Австралија. Со нерешен резултат двете репрезентации најверојатно ќе се пласираат во следната рунда, а победникот од тој натпревар што се игра на 25.јуни ќе биде второпласиран во групата Д зад репрезентацијата на САД.

Македонски



