
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека рокот за почеток на градбата на брзата пруга во пролетта 2027 година нема да се поместува.
Над 20 компании досега покажале интерес за изградба на брзата пруга од границата со Србија до границата со Грција – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
Тој повтори дека изборот на изведувачот ќе се врши преку компетитивен дијалог, со почитување на условите од меѓународниот финансиски механизам со Велика Британија.
Кажавме дека мора да се испочитува барањето на механизмот за меѓународно финансирање на Велика Британија, а тоа е да има најмалку 30 отсто британска компонента. Врз основа на тој дел ќе има компетитивен дијалог со сите компании коишто го исполнуваат тој услов и ќе се избере тој којшто ќе даде најдобра понуда и најевтина цена, секако вели Николоски.
Во врска со тоа каде граѓаните и медиумите може да се информираат за исплатливоста на проектот, односно за шесте студии за проектот, Николоски рече дека тие ќе бидат објавени штом заврши целата процедура.

Македонски

