Skip to main content

Ограбени клупските продавници на Олимпик и Лил

Официјалните продавници на фудбалските клубови Олимпик Марсеј и Лил беа ограбени и оштетени за време на протестите и немирите што ескалираа во Франција во текот на изминатиот викенд, поттикнати од зголемените трошоци за живот и лошите услови во училиштата.
Олимпик соопшти дека клупската продавница на улицата Ла Канебиер, една од најпознатите авении во Марсеј, претрпела значителна материјална штета. Објектот е привремено затворен.
Голема материјална штета е нанесена и на официјалната продавница на Лил, лоцирана во центарот на градот. Клубот соопшти дека објектот бил цел на масовен грабеж, додавајќи оти продавницата ќе остане затворена до натамошно известување.
Повеќе од половина милион луѓе, претежно мирни демонстранти, излегоа на улиците низ Франција во саботата. Сепак, помали групи демонстранти запалија пожари и ограбија продавници во Париз, Лион, Марсеј и други градови низ земјата.

Поврзани вести