Skip to main content

Во октомври во Брисел ќе се одржи стратешка расправа за пристапувањето на Западниот Балкан во ЕУ

МИА

Во контекст на новиот импулс во процесот на проширување и потсетувајќи на Декларацијата од Гранада, Европскиот совет ќе одржи стратешка дискусија за проширувањето и реформите на својот состанок во октомври 2026 година“, соопшти Европскиот совет по состанокот што се одржа на 18 и 19 јуни во Брисел.

Во однос на Западниот Балкан, Советот го поздравува одржаниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни 2026 година, кој придонесе за новиот замав во процесот на проширување.

Европскиот совет, повикувајќи се на претходните заклучоци, повторува дека ЕУ ќе продолжи со блиската соработка со Западниот Балкан и ќе ги поддржува напорите за реформи на патот кон членство.

Советот останува посветен на напредокот на постепената интеграција меѓу ЕУ и регионот во рамките на процесот на проширување, заснован на заслуги, но и со можност за реверсибилност на процесот. (МИА)

Поврзани вести