
Пискотници се слушаат од Струмица до Бихачка откако премиерот Мицкоски најави дека е можно следната година да има предвремени парламентарни избори. Меѓу раководството на СДСМ се создаде таква паника иако ако се нормална опозиција би требало да се радуваат дека ќе има избори, вели авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Ама во СДСМ веќе ништо не е нормално па затоа владее страв од избори. Да сум на нивно место и мене би ме фаќало паника. Последните анкети покажуваат дека разликата ВМРО-ДПМНЕ-СДСМ е 3-1. Да тоа е реалноста на СДСМ под водство на Филипче и на екипата околу него. Преведено во бројки, тоа значи дека СДСМ на изборите ќе има под 20 пратеници и помалку од 200.000. гласови. А што им битно кога ќе има избори, тие ќе изубат и догодина и за две години. Колку побрзо има избори подобро за нив., како минува времето повеќе ќе паѓаат. Еве им еден предлог. Главна тема во кампањата нека им бидат уставните избори и ќе видат колкава поддршка имаат кај граѓаните. За говорници во кампањата може да го повикаат Румен Радев, тие е бар нивен луѓе, сигурно ќе има разбирање за внесување на Бугарите во Устав.
Туку на СДСМ треба да им се честита. Добија уште еден пријател во Бугарија, а тоа е новата претседателка Илијана Јотова. Е таа Јотова по средбата со нашата претседателка во Софија изјави дека имала впечаток оти македонската страна нема да попушти за уставните измени.

Абе ајде Какво говориш. Што мислеше кад се онадеше. Илијанче мисли дека за соговорници ги има Заев и Османи. Тоа време помина. Сажељавам.
Ви текнува која беше Јотова. Пред четири години дојде во Македонија со другарот на Тачи Кирил Петков и среде Битола праша „кои се тие Македонци во Бугарија“. Преведено во денешно време би било/ кои се тие уставни измени“.

Претседателката на Македонија извојува голема дипломатска победа на гости во Софија. Три бода. На културен начин објасни она што на сите ни е јасвно дека, освен на СДСМ дека не се само уставните измени туку дека ѓаволот се крие во втриот протокол од преговарачката рамка кој го потпиша Османи. И тука попуштање нема . Уште им кажа дека историјата е дел од нашиот идентитет и оти не можеме да ја менуваме како што ќе им текне на соседите. Ете така се бранат македонските интереси.
Колку се очајни Бугарите покажуваа и тоа што ја пратија онаа будалетинка Слави Трифонов да ја навредува Слијановска дека побара од бугарските медиуми да и се обраќаат на англиски јазик. Па нема појако.
Какво време дојде и Бугарија доби вето од ЕУ. Сакаа на новата монета од две евра да ја претстават кирилицата како бугарска азбука. Бугарска работа. Како досега на никого не му текнало словенската азбука да ја престави за своја туку баш на Бугарите. Еве им еден предлог , на монетата нека стават две чрвени и завршена работа. Така ќе направат спој на минатото и на сегашноста.

Европската унија како со сила да работи кај граѓаните од Западниот Балкан уште повеќе да опаѓа интересот за членство. Наместо, Македонија, преговори со ЕУ почнуваат Украина и Молдавија. Да, Украина и Молдавија. Украина која е во војна а Молдавија која не ја контролира во целост ни својата територија. Еве да ги прашам оние од Брисел, ако некогаш ги примите Украина и Молдавија, иако тоа нема никогаш да се случи, во кои граници ќе ги примите. Дали и Приднестровје ќе влезе во ЕУ или пак Доњецк, Донбас, или пак може и Крим ќе влезе во Унијата. Па уште и онаа Марта Кос ни порача дека дури и да влеземе некогаш во ЕУ 15 години ќе немаме право на вето, поради кое не малтретираат сега Бугарите а пред тоа Грците.
ЕУ уште еднаш покажа зошто ја нарекуваат блудницата Вавилонска.

Македонски



