
Повеќе агенции ги објавија деталите од Меморандумод за разбирање меѓу САД и Иран со кој треба да се стави крај на воените дејствија на Блискиот Исток.
Фаза 1 | По објавувањето на Меморандумот за разбирање (стапува на сила веднаш):
– По објавувањето на Меморандумот за разбирање, двете страни прогласуваат моментален, целосен и траен крај на сите непријателства во регионот, вклучително и во Либан.
– По објавувањето на Меморандумот, Соединетите Американски Држави прогласуваат моментално и целосно укинување на поморската блокада на САД против Иран.
Фаза 2 | По потпишувањето на Меморандумот за разбирање (период од 30 дена):
– По потпишувањето на Меморандумот за разбирање, Соединетите Американски Држави ја потврдуваат својата посветеност на немешање во внатрешните работи на Иран и почитување на суверенитетот на Исламската Република Иран.
– По потпишувањето на Меморандумот за разбирање, Соединетите Американски Држави потврдуваат дека нема да го зголемат бројот на војници или воени средства присутни во регионот, ниту ќе воведат нови санкции за време на преговорите.
– По потпишувањето на Меморандумот за разбирање, Иран ја потврдува својата посветеност на Договорот за неширење (NPT – Non-Proliferation Treaty) и потврдува дека никогаш нема да произведува, развива или стекнува нуклеарно оружје.
– По потпишувањето на Меморандумот за разбирање, САД изјавуваат дека ќе му обезбедат на Иран половина од замрзнатите средства, во вредност од 12 милијарди долари, кои ќе бидат достапни на неповратен начин во рок од 30 дена, со обврска преостанатата половина да ја стават на располагање во текот на следните 60 дена.
– По потпишувањето на Меморандумот за разбирање, Соединетите Американски Држави ќе издадат ослободување од санкции за извоз на иранска нафта, гас и петрохемиски производи, кои ќе стапат на сила веднаш, со обврска трајно да ги продолжат овие ослободување од санкции откако ќе се постигне конечен договор.
– По потпишувањето на Меморандумот за разбирање, САД ќе започнат непосредни консултации со Израел за да презентираат краткорочен временски рок за целосно повлекување на Израел од Либан, вклучувајќи ги и точките окупирани по договорот меѓу Израел и Хезболах од 2024 година.
– По потпишувањето на Меморандумот за разбирање, Иран потврдува дека ќе го отвори Ормутскиот теснец за комерцијален поморски сообраќај, според одредени специфични аранжмани утврдени од Иран, во рок од 30 дена.
Фаза 3 | Преговори за конечен договор (период од 60 дена + можно продолжување):
– Преговорниот период од 60 дена ќе почне откако ќе бидат исполнети сите услови од Меморандумот за разбирање во претходните 30 дена.
– Преговорниот период од 60 дена може да се продолжи со меѓусебен договор на двете страни.
– Во текот на овие 60 дена, САД ќе ги стават на располагање преостанатите 12 милијарди долари од замрзнатите средства на Иран.
– Во текот на овие 60 дена, САД ќе презентираат планови за фонд за реконструкција на Иран, во вредност од најмалку 300 милијарди долари, делумно финансиран од земјите од Персискиот Залив.
– САД и Иран ќе почнат детални дискусии за трајно решение за прашања поврзани со нуклеарното оружје, вклучувајќи го збогатувањето, постојните резерви на ураниум и судбината на нуклеарните централи.
– САД и Иран ќе почнат детални дискусии во врска со укинување на сите економски санкции врз Иран, вклучувајќи ги примарните, секундарните, санкциите на САД и ОН, како и повлекувањето на сите резолуции на Советот за безбедност на ОН и Одборот на гувернери на МААЕ против Иран.
– Ќе се воспостави механизам за следење за надзор на спроведувањето на конечниот договор.
– Конечниот договор ќе биде одобрен со резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Македонски



