Skip to main content

Граѓаните ја препознаа очајната состојба на СДСМ и ги пратија во опозиција, на следните избори ќе ги пратат на политичките маргини, вели Мицкоски

Претходната Влада беше во очајна состојба. Беше подготвена да коленичи и да прифати бел лист хартија да потпише за да остане на власт, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски.

Граѓаните тоа го препознаа, ги казнија, ги пратија во опозиција. На следните избори ќе ги пратат и на политичките маргини и ќе бидат политичари за кои меморијата брзо ќе избледе и никогаш да не ни се повторат – рече Мицкоски.

Посочи дека актуелната Влада ќе продолжи со работа, со испорачување на реформи кои се дел од Планот за раст.

Продолжуваме да ја градиме македонската економија. Резултати преку ноќ нема. Ние никогаш не сме ветувале чуда, ние не сме чудотворци. Секој кој ветува чуда не ја говори вистината. Ние ветуваме дека напорно ќе рабортиме и работиме и ќе го добиеме заслуженото. Македонија забрзува и Македонија ќе победи како што многу пати победувала во минатото – рече Мицкоски.

Поврзани вести