Skip to main content

Денеска без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Кадино

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, како и населбата Кадино.

Според најавата, од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Банско“ во општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 11:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија е планиран за дел од улицата „10“ во Кадино.

Во истиот термин, од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат и Природонаучниот музеј и објектот „Тобако“ во близина на Зоолошката градина во општина Карпош.

Од надлежните апелираат граѓаните и правните лица навреме да ги планираат своите активности согласно најавените прекини.

Поврзани вести