Skip to main content

Без вода повеќе скопски улици

Без вода во текот на денов ќе бидат повеќе улици на скопската територија поради изведување водоводен приклучок на улицата Мите Богоевски без број, кај „Зур маркет“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според најавата, прекинато водоснабдување ќе имаат улиците Мите Богоевски, Дванаесетта македонска бригада, Илија Димовски – Гоче, Димитар Македонски, Ван Гог, Архитект Сотир Томовски, Црноризец Храбар, Митре Влаот, Благоја Мучете, Ѓорѓи Андреевиќ Кун, Димитар Благоев и дел од Тодор Чангов.

Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од 9:30 часот до завршување со работните активности.

Поврзани вести