Skip to main content

Прва победа на Хамилтон откако е дојден во Ферари

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон (41) дојде на денешната трка за Големата награда на Каталонија до својата прва победа во болидот на Ферари, значително доближувајќи се до врвот во генералниот пласманот на откако водечкиот Италијанец Кими Антонели (Мерцедес) се откажа пет круга пред крајот.

По трет пат во историјата, а прв пат од 1968 година, Британците ги зазедоа сите места на подиумот, а на Хамилтон му се придружија Џорџ Расел (Мерцедес) и актуелниот светски шампион Ландо Норис (Мекларен).

„Ви благодарам многу, ми помогнавте да го остварам овој мој сон“, им рече Хамилтон на членовите на својот тим преку радио откако ја мина целта.

Хамилтон, воедно, стана највозрасниот возач кој победи во Ф1 трка во последните 56 години, уште од Австралиецот Џек Брабам, кој имаше речиси 44 години кога славеше на Големата награда на Јужна Африка во 1970 година.

Во генералниот пласман води Антонели со 156 бодови, пред Хамилтон (115) и Расел (106).

Следната, осма трка од оваа сезона е закажана за две недели за Големата награда на Австрија на патеката Ред Бул во Спилберг. 

Поврзани вести