
Натпреварот од воведното коло во групата Б го донесе првото изненадување на Светското фудбалско првенство, откако Катар вечерва со гол во судиското продолжение одигра нерешено 1-1 против Швајцарија и го освои својот прв бод на мундијалските турнири.
Швајцарија поведе со голот на Ембола во 17. минута од пенал, додека Куки израмни на 1-1 со удар со глава во 94.
Натпреварот во Сан Франциско почна со идеална шанса на Катар, но ударот на Едмилсон Жуниор беше одбранет од швајцарскиот голман Кобел.
Продолжението донесе доминација на теренот на Швајцарците, кои не реализираа неколку стопроцентни шанси за гол, но се истакна и голманот на Катар, Абунада.
И кога се очекуваше минимална победа на Швајцарија, репрезентацијата на Катар го израмни резултатот во 94 минута и го освои својот прв бод во историјата на светските првенства.
Во второто коло, Швајцарија ќе игра против Босна и Херцеговина, на 18 јуни во Лос Анџелес, а ден подоцна, ќе играат Канада и Катар во Ванкувер.

Македонски



