
Петар Саркањац, композитор дипломиран на Беркли во Бостон, Масачусец, својот деби албум Conference of Grammars ќе го промовира заедно со вокалисти и жичан квинтет во Сули Ан на 21 јуни во 20:00 часот.
Како што најавува вокалистите се изненадување а жичаниот квинтет се мешани членови од македонска опера и балет и македонска филхармонија.
Песните се авторски и напишани на повеќе јазици: англиски, македонски, шпански, португалски и турски. Музиката има примеси на самба, фадо, џент (метал), и фолк, аранжирана за жичан квинтет.
Првиот сингл од албумот ќе излезе на 15 јуни. Гостува Андријана Јаневска.

Македонски



