Skip to main content

Бугарија очекува 400.000 гости на Евровизија

Софија очекува меѓу 300.000 и 400.000 посетители за време на одржувањето на Евровизија 2027, изјави општинскиот советник Димитар Петров за Радио Софија.

Според него, Евровизија не е само концерт или фестивал што трае неколку дена, туку претставува „град во градот“, кој привлекува огромен број посетители и бара сериозна организација, особено во делот на безбедноста.

Петров истакна дека Софија ги исполнува сите потребни услови за домаќин на натпреварот, посочувајќи ги меѓународниот аеродром, директните авиолинии и сместувачките капацитети.

Тој предупреди и на појавата на екстремно високи цени за сместување по победата на Дара. Како пример наведе огласи во кои двособни станови во Софија се нудат за 10.000 до 13.000 евра за една недела.

Тоа не смееме да го дозволиме. Мора да има понуда за сите посетители“, рече Петров, додавајќи дека државата и градот треба да преземат мерки за да спречат нереално поскапување.

Тој потсети и дека во 2027 година Бугарија ќе одбележи 20 години од членството во Европската Унија и оцени дека и овој јубилеј треба да се искористи за меѓународна промоција на земјата.

Поврзани вести