Skip to main content

Премиерот Мицкоски се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се разговарало за нови инвестиции, зголемување на трговската размена и продлабочување на економската соработка

Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска остварил билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната, објави Мицкоски на социјалните мрежи.


Премиерот на Македонија ја нагласил важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.

фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес. Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот. Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, објави Мицкоски.

Поврзани вести