
Скопјанец пријавил дека вчера, среде бел ден на територијата на општина Карпош, бил пресретнат од три автомобили, по што бил претепан и киднапиран, а потоа оставен во селото Шишево.
На 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од скопско пријави дека околу 14 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“, управувани од Р.Б., М.Б. и Б.Б., при што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Според пријавеното, после тоа го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во село Шишево, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Македонски



