Skip to main content

Ахмети оди во ветерани, нема да остане партиски претседател

На Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, претседателот на партијата, Али Ахмети изјави дека тие се најорганизираната партија во земјата и регионот, која, како што рече, направила 83 отсто промени во раководството на партијата и 73 отсто промени во раководството на кумановскиот огранок. Ахмети истакна дека оние што ја основале ОНА и ДУИ им отстапиле простор на новите генерации, додавајќи дека тоа било и мотото на ДУИ „да се издигне партија и новите генерации“.

Од поранешните раководители, Ахмети го спомена Садула Дураку, за кого рече дека ќе биде назначен во раководството на комитетот на ветераните, но додаде и дека и тој самиот нема секогаш да биде партиски претседател, туку ќе стане ветеран.

Ние сме партија, движење, мисија, меѓу најорганизираните и најетаблираните во РСМ и во регионот. Нема политичка сила што прави 83 отсто промена во раководството, 73 отсто во раководството на огранокот. Сите оние што ја основаа ОНА, ја основаа и ДУИ, сега се редат зад 73 отсто млади момчиња и девојки. Кое беше нашето мото? Сите заедно со свест и одговорност дека ДУИ треба да ја издигнеме над нас, да ги издигнеме новите генерации. Не случајно Ули е поставен на чело на комитетот на ветераните. Секако и Садула ќе го направиме.

По тебе доаѓам јас, јас нема да останам партиски претседател. И јас сакам да се постројам кај ветераните и членовите на ДУИ да видат како јас се борам како ветеран“, изјави Ахмети.

Поврзани вести