Skip to main content

Во карбинското село Таринци осветен 20 метарски крст

МИА

Во селото Таринци, општина Карбинци денеска беше осветен новоизградениот 20 метарски крст. На настанот присуствуваа голем број жители, претставници на локалната самоуправа и митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион и свештеници. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов изјави дека крстот ќе биде симбол на верата и духовноста за жителите на Таринци и целата општина. Изградбата е реализирана со донации од семејствата Јовчески, Колеви и Димитрови, како и со поддршка од повеќе локални компании и граѓани.

Чест и задоволство ми е што денес заеднички со населението од село Таринци го осветуваме овој прекрасен верски објект, овој 20 метарски крст кој што ќе свети, ќе биде светилиште на над селото Таринци во општина Карбинци. Сакам да упатам благодарност до митрополитот господинот Иларион, кој што го освети овој наш преубав верски објект. Сакам да упатам од срце благодарност за донаторите, а тоа се семејствата Јовчески, Колеви и Димитрови, како и сите останати кои што беа дел од изградбата и беа вклучени како помагатели-вели Паунов.

Марјан Јовчевски како еден од донаторите истакна дека крстот е подарок за граѓаните на општина Карбинци и симбол на верата и благодарноста

Ова е дар на граѓаните на општина Карбинци, ова е во село Таринци, практично еден голем да кажам знак на верата и благодарност на верата. Воедно, моето семејство има потекло од ова село, мајка ми е од овде. Мене ми е баш голема чест и задоволство што ваков да кажам верски објект подарувам со мојте двајца партнери, семејството Колеви и семејството Димитрови- рече Јовчевски.

Тој додаде дека во донацијата учествуваа и други фирми и локално население.

МИА