Skip to main content

 САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај

Соединетите Американски Држави не можеа да посакаат подобар почеток на Светското првенство, откако рано изутринава пред своите гледачи во Лос Анџелес го совладаа Парагвај со 4-1 во натпревар од групата Д.

Домаќините имаа одличен почеток, поведувајќи во седмата минута преку автогол на Дамијан Бобадиља. По половина час игра, веќе беше 2-0, а стрелец беше Балогун. Истиот играч го постигна и третиот гол во самиот финиш од првото полувреме, и со тоа стана првиот Американец од 1930 година кој постигнал два гола во првото полувреме на натпревар на Светското првенство.

Во второто полувреме, САД мирно ја задржа предноста. Парагвај го намали резултатот во 73. минута со голот на Маурисио, но Џовани Рејна длабоко во судиското продолжение стави печат на победата на Американците.

Во вториот натпревар од воведното коло во оваа група ќе играат Австралија и Турција.

Поврзани вести