
Авторката Славица Андреева од Струмица за песната „Порака од пчелките“ ја доби првата награда – златната плакета со пригодни подароци на Деветтиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2026“ што вчера се одржа во големата сала на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.
Втората награда – сребрена плакета со пригодни подароци и припадна на авторката Јулијана Димитриевска од Скопје за песната „Принцеза“, а третата награда – бронзена плакета со пригодни подароци ја доби авторката Весна од Скопје, за песната „Месечинке“.

Специјална награда за најдобра песна од странски автор и беше доделена на Илина Јовановиќ Јаковчевска од Германија за песната „Во светот на бајките“, а специјална награда за освоени најголем број гласови од публиката на фејсбук страницата на Стихувалки доби Лара Стевановска од Крива Палнка за песната „Другарство“ за освоени над 450 гласови од публиката.
Збирката поетски творби „Стихувалки 2026“, во која беа застапени 84 автори ја промовираа: проф. д-р Елизабета Бандиловска и проф. Лила Арсова, а за значењето на фестивалот и поезијата за деца говореше м-р Ели Маказлиева, автор на проектот и програмски уредник.
На свеченоста се доделија 84 признанија и исто толку примероци од книгата – збирката поезија за деца, голем број благодарници, како и награди.
Свеченоста беше збогатена со музички точки на децата од градинката „Детска радост“ од скопската Општина Гази Баба и вокалисти-ученички од „Пијанофорте“.

Македонски



