
Американските власти ги предупредија луѓето што планираат да ги посетуваат Соединетите Американски Држави за натпреварите на Светското фудбалско првенство дека земањето рекреативни дроги може да ги изложи на смртоносни дози на фентанил, моќен синтетички опиоид.
Речиси сите дроги што ги запленуваме денес содржат фентанил, моќен синтетички опиоид кој се пренасочува за употреба како наркотик“, изјави за претставникот на ДЕА за североисточниот дел на САД, Френк Тарентино.
Тој предупреди дека навивачите треба да бидат „свесни дека дрогите што се продаваат на улица и преку интернет се смртоносни“ бидејќи обично содржат синтетички опиоиди.
Тарентино додаде дека 29 проценти од таблетите анализирани во лабораториите на ДЕА содржат смртоносна доза фентанил.

Македонски



