
Полициски единици се распоредени пред зградата на Централната изборна комисија (ЦИК) во Ереван во контекст на повиците на опозицијата за протести по парламентарните избори во Ерменија.
Според локалните медиуми, пред зградата се наоѓаат неколку десетици припадници на специјалната единица позната како „црни беретки“.
Ситуацијата е мирна, а собраните граѓани се однесуваат без инциденти, додека локалните медиуми ги следат случувањата. Полициските службеници се распоредени во помали групи и го надгледуваат просторот околу ЦИК.
Денеска и претставници на блокот „Силна Ерменија“, предводен од бизнисменот Самвел Карапетјан, поднесоа барање за поништување на резултатите од парламентарните избори.
Според прелиминарните резултати до 8 јуни, владејачката партија „Граѓански договор“ на премиерот Никол Пашињан освоила 49,81 отсто од гласовите, додека блокот „Силна Ерменија“ добил 23,29 проценти.
Конечните изборни резултати се очекуваат на 14 јуни.

Македонски



