Skip to main content

„Ајм фром Босниа, тејкми ту Америка: Вечерва навиваме за БиХ

 Капитенот на канадската фудбалска репрезентација, Алфонсо Дејвис (25), сè уште не е целосно опоравен од повредата и нема да игра на воведниот натпревар на домаќинот Канада вечерва против Босна и Херцеговина во Торонто, во рамки на групата Б, најави селекторот на Канада, Џеси Марш.

„Тој направи магнетна резонанца која покажа позитивни знаци. Третманот на повредата напредува добро и се надеваме дека работите ќе се забрзаат во следните неколку денови или следната недела и оти ќе може да игра“, изјави канадскиот селектор.

Дваесетипетгодишниот дефанзивец на минхенски Баерн изминатата сезона одигра само 23 натпревари поради повреди, најчесто влегувајќи на теренот од клупата за резерви.

По натпреварот со Босна и Херцеговина, во двата преостанати натпревари од групната фаза Канада ќе се соочи со Катар и Швајцарија

Поврзани вести