
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека забрзувањето на производството и иновациите во одбраната е клучно за зајакнување на одвраќањето и обезбедување на колективната безбедност.
Тој, на Трансатлантскиот форум за пристап до одбранбената индустрија, што се одржува во седиштето на НАТО во Брисел, ги повика одбранбените компании да го зголемат производството и побрзо да испорачуваат воена опрема.
Според него, издвојувањето за одбраната нема да биде доволно ако не биде проследени со проширување на индустриските капацитети.
Парите се клучни. Но, самитот, што следниот месец ќе се одржи во Анкара, нема да се занимава само со парите. Мора да биде насочен кон борбените капацитети и значајното проширување на нашите одбранбени индустрии, наведе Руте.
Тој додаде дека со поголемите вложувања во одбранбениот сектор нема да се зајакне само безбедноста, туку ќе се поддржи и економскиот раст и вработувањата.

Македонски



