
На вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на општинските комитети на партијата, а истовремено беа избрани и тројца нови членови на Извршниот комитет.
Во највисокото партиско тело влегуваат пратеникот Миле Лефков, градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски и пратеникот Зоранчо Јованчев.
Од партијата посочуваат дека Лефков, кој доаѓа од Кочани, е искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ и претходно бил дел од Извршниот комитет.
За Стефковски велат дека како градоначалник на Гази Баба остварил историски најдобар резултат за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, реализирајќи бројни проекти во интерес на граѓаните.
Јованчев, пак, е пратеник во Собранието и поранешен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, а од партијата оценуваат дека неговото искуство ќе придонесе за идните успеси на организацијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека процесот на реструктуирање и реорганизација на партијата продолжува со цел постигнување нови резултати и успеси за Македонија.

Македонски



