
На 12 јуни (петок) во 12 часот, во просториите на Францусиот институт во Скопје Македонија и Франција ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на културата и туризмот.
Овој документ, кој ќе биде потпишан од страна на Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, и Министерот за култура и туризам на Република Македонија, г. Зоран Љутков, е од особено значење во насока на придонесот кон унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји во доменот на институционалната соработка, културата, уметничките размени, експертиза и обуки на професионалци, поддршка на културните и креативните индустрии и заштита на културното наследство.
Овој меморандум претставува конкретен чекор напред во долгогодишното пријателство и соработка помеѓу двете земји.

Македонски



