Skip to main content

Љутков за најавената реконструкција на Владата: Премиерот на Владата назначува и разрешува, наша задача е да ја завршиме работата како што треба

Одговарајќи на новинарско прашање за најавената реконструкција на Владата и дали има некаква поврзаност на денешниот брифинг со најавите на премиерот Христијан Мицкоски за нејзина реконструкција, министерот рече дека одлуката е во надлежност на премиерот.

Тоа е негова одлука; премиерот на Владата назначува и разрешува. Наша задача е да ја завршиме работата онака како што треба, да ја реализираме програмата, особено владината програма. А во делот на реализацијата на владината програма, имаме многу висока реализација. Така што, ова не е некакво совпаѓање, како што вие мислите, туку е редовен министерски брифинг со новинарите. Не знам дали има совпаѓање и дали ќе имаше врска доколку го направевме 10 дена порано, но како и да е, едното со другото нема никаква врска. Ова се редовни брифинзи и состаноци во врска со работата на Министерството – рече Љутков.

Поврзани вести