Skip to main content

МОН инвестираше 14 милиони денари во реконструкција на спортските сали во училишта во Штип и во Карбинци

Со вкупна инвестиција од 14 милиони денари, Министерството за образование и наука ги реконструираше спортските сали во основните училишта „Страшо Пинџур“ во Карбинци и „Димитар Влахов“ во Штип, со што значително се подобрија условите за настава по предметот физичко образование и за спортување на децата кои учат и живеат во околината на овие две училишта.

Реновираните спортски сали денес ги посети министерката за образование и наука Весна Јаневска која информираше дека активностите ги спроведе Министерството за образование и наука во соработка со општините, а во рамки на проект поддржан од Европската унија и Банката за развој на Советот на Европа, преку кој се обновуваат 30 училишни спортски сали на територијата на Македонија во вкупна вредност од скоро 200 милиони денари.

фото: Министерство за образование и наука

Благодарна сум за поддршката од партнерите на земјата и среќна што постојано ја подобруваме инфраструктурата, затоа што е еден од основните услови за да имаме квалитетно образование, покрај учебниците, наставните програми и мотивирани наставници. Ќе потсетам дека досега актуелната Влада во мандат од две години реализира 90 проекти за изградба на нови училишта и спортски сали и за реконструкции на постојни објекти, вклучително и два студентски дома. Продолжуваме со заложбите и во периодот што следи, затоа што секое дете заслужува еднаков пристап до квалитетни услови за образование“, рече Јаневска.

фото: МОН

За обнова на спортската сала во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци вложени се околу 4,2 милиони денари, додека во спортската сала во склоп н „ОУ Димитар Влахов“ во Штип инвестирани се 10 милиони денари.

Поврзани вести