Skip to main content

Утре пуштање во употреба на првата фаза од железницата кон Бугарија, еве како изгледа

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најавија дека утре ќе биде пуштена во употреба првата фаза од железницата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.

Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.

На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално -телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.