
Филмот „Сите го викаат Реџо“ во режија на Ибер Деари е избран да учествува на Македонската филмска панорама, која ќе се одржи од 5 до 14 јуни 2026 година во Пекинг, пишува Portalb.mk.
Настанот е организиран во соработка со културни и кинематографски институции на Кина и Македонија, додека проекциите ќе се одржат во Долби киното Пекинг, едно од најпрестижните кина во кинеската престолнина.
Во рамките на панорамата ќе бидат претставени некои од најпознатите филмови на македонското кино, вклучувајќи ги „Медена земја“, „Пред дождот“, „Диџеј Ахмет“, „Јон Вардар против Галаксијата“, „Пипи и Муто“, „Silemt cinema“ и „Сите го викаат Реџо“.

Македонски


