Skip to main content

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенали во драматичното финале на Лигата на шампионите

Фудбалерите на ПСЖ повторно се искачија на европскиот врв, откако вечерва во финалето на УЕФА Лига на шампиони во Будимпешта го совладаа Арсенал по изведување пенали.

По голема борба и неизвесност до самиот крај, натпреварот заврши 1-1 по продолженијата, а победникот беше решен дури во пенал-рулетот, каде што францускиот шампион беше поуспешен и славеше со 2-1.

Арсенал прв стигна до водство преку Каи Хаверц, кој постигна одличен гол во првиот дел, но ПСЖ се врати во натпреварот во 65. минута кога Усман Дембеле реализираше пенал за израмнување. До крајот на регуларниот дел и во продолженијата немаше нови погодоци, па следуваше драматична пенал-серија.

Во решавачките моменти поуспешни беа фудбалерите на ПСЖ, кои стигнаа до нов европски трофеј и ја потврдија доминацијата на клубот во последните две сезони. За Арсенал, пак, останува разочарувањето што повторно не успеа да стигне до својата прва титула во Лигата на шампионите.

Финалето се одигра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта пред десетици илјади навивачи, а љубителите на фудбалот добија неизвесен и драматичен натпревар достоен за најголемата сцена во европскиот клупски фудбал.

Поврзани вести