Skip to main content

Единствената храна што ја препорачуваат онколозите, кардиолозите и специјалистите за спортска медицина

Pixabay

Сезоната на лубеници само што не пристигнала, а овој плод се смета за еден од најздравите. Им се препорачува на луѓе со срцеви проблеми, на оние што страдаат од проблеми со крвните садови, но и како превентивна мерка против рак. Лубеницата се смета за спортски додаток во исхраната, иако содржи околу 92 отсто вода.

За срцето и крвните садови
Американските научници докажале дека лубеницата е еден од најдобрите природни извори на Л-цитрулин. Оваа аминокиселина во телото се користи за синтеза на азотен окдис, кој помага за ширење на крвните садови, одржување на тонусот, подобрување на еластичноста и подобрување на ендотелните функции.

Светлата боја на лубениците е заслужна за каротеноидите, кои во телото се претвораат во витамин А. Витаминот А, кога се внесува преку храната, ги штити белите дробови на пушачите, додека неговиот недостаток може да предизвика рак дури и кај непушачите.

Ликопенот е корисен за крвните садови, може да го снижи холестеролот и спречува создавање и раст на плак. Некои научници веруваат дека го намалува ризикот од развој на гастроинтестинален и рак на простатата.

„Лубениците се многу здрави. Содржат многу влакна и магнезиум. Помагаат во отстранувањето на мочната киселина. Лубеницата има изразен диуретички ефект, со што му помага на црниот дроб да се справи со токсините.

Исто така, содржи многу калиум. Калиумот и магнезиумот се клучни хранливи состојки за работата на срцето. За сите срцеви проблеми, првата препорака на кардиолозите е нормализација на нивоата на магнезиум и калиум“, наведуваат нутриционистите.

Лубеницата е богата со фосфор, особено семките, кој ги зацврстува коските и забите.

Докторите, вклучувајќи ги и спортските експерти, им ја препорачуваат нискокалоричната лубеница на луѓето кои се занимаваат со интензивна физичка активност. Тоа е така затоа што на телото му обезбедува брзо дејствувачки јаглехидрати, антиоксиданси и аминокиселини.

Истражувањата покажуваат дека пиењето пире и сок од лубеница по тренинг има ист ефект на телото како и спортските пијалаци.

Ги зајакнува мускулите и го поттикнува закрепнувањето по вежбањето. Л-цитрулинот во лубеницата може да помогне во отстранувањето на млечната киселина од мускулите.

Поврзани вести