
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утре, на 30 мај (сабота) со почеток од 17:00 часот ќе присуствува и свое обраќање ќе има на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ кој ќе се одржи во Студентски културен центар во Нови Сад, Република Србија.
На настанот исто така обраќање ќе имаат: Зорица Митровиќ, Национален совет на македонското национално малцинство во Република Србија, Маја Гојковиќ, претседател на покраинската влада на Војводина и Ѓуро Мацут, претседател на Владата на Република Србија.

Македонски


