
Нов грозоморен случај на силување на дете пријавен во државата.
Полицијата уапсила 58-годишен жител на тетовско село, осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка. Упсена е и 37-годишната мајка на девојчето, која, и покрај тоа што била запознаена со случајот, не го пријавила во надлежните институции.
Од СВР Тетово информираат дека вчера, околу 16:45 часот, 62-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна внука била жртва на силување.
Според пријавеното, настанот се случил во декември 2024 година, кога тогаш 15-годишната девојка се враќала од Тетово со комбе управувано од осомничениот. Во текот на патувањето, тој наводно, со употреба на физичка сила, извршил обљуба врз малолетничката.
По одреден период, девојчето го раскажало настанот на својата 37-годишна мајка, која во тоа време била во љубовна врска со осомничениот. Сепак, таа не го пријавила случајот.
За случајот бил известен јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонски


