Skip to main content

Јаневска: Нова категорија на стипендии за студенти со ретки болести и посебни образовни потреби, предвидуваме за следната академска година!

Нова категорија на стипендии за студенти со ретки болести и посебни образовни потреби, предвидуваме за следната академска година!, напиша на својот фејсбук профил министерката за образование Весна Јаневска.

Не само што немаме намера да кратиме на стипендии за студентите, како што тоа СДСМ се обидуваше да го претстави во изминатите неколку денови и да ја манипулира јавноста, туку во конкурсот за новата академска година преку кој повторно ќе доделиме 3000 стипендии, ќе имаме и нова категорија – за прв пат за студенти со ретки болести и посебни образовни потреби, со што ќе одговориме на барањата на нивните здруженија и сојузи. Политиките на стипендирање и поддршка за младите стануваат поинклузивни и ги следат барањата на ЕУ.

Поврзани вести