Skip to main content

Лагард предупреди за намалена независност на централните банки

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард денеска предупреди на намалената независност на централните банки, кои се соочуваат со сè поголеми политички притисоци во помалку поволно економско опкружување.

– Во свет во кој условите стануваат сè потешки, предизвикот повеќе не е само зачувување на правната независност на централните банки, туку пред сè зачувување на кредибилитетот неопходен за нејзино остварување – рече Лагард во говор во Пном Пен.

Независноста де факто се влоши кај речиси половина од централните банки кои претставуваат околу 75 отсто од глобалниот бруто-домашен производ (БДП), нагласи таа.

МИА