
Францускиот институт во Скопје и Кинотека имаат чест да ве известат и поканат на нова проекција на месечните „Кино средби”, во рамките на кои се прикажуваат современи француски филмови.
Во четврток, 28 мај 2026, 20:00 часот, во Кинотека, ќе биде прикажан „Борго” (2024, 118 мин.), филм на Стефан Демустие, со Хафсија Херзи, Муса Мансали и Луј Меми.
Мелиса, 32-годишна искусна чуварка во затвор, се сели на Корзика со својот сопруг и двете мали деца. За неа, ова е нов почеток и нова можност, па се вработува во тамошниот затвор – но оваа установа не е како другите. Таму затворениците се тие кои ги надгледуваат чуварите. Вклопувањето на Мелиса во новата средина го олеснува Савериу, млад но влијателен затвореник, кој ја зема под своја закрила. Но штом излегува на слобода, повторно ќе ја побара — овој пат со барање кое не може лесно да се одбие. Оттука, сè тргнува наопаку.
Што напишаа медиумите:
„Во овој т.н. филм ноар, Стефан Демустје ги разобличува сите клишеа за Корзика. Резултатот е ремек дело, едно од најдобрите француски филмски остварувања на годината.” – Маријана
„Двојно мистериозно убиство. Остров чија убавина не може да го прикрие насилството. „Борго” нè остава без здив уште од првиот кадар.” – 20 минит
Филмот е со превод на македонски јазик.
Се работи за пред-проекција во знак на најава на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи во јуни со фокус на корзикански филмови

Македонски


