Skip to main content

Земјотрес од 3,7 степени во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, соопшти хрватската сеизмолошка служба.

Епицентарот бил на околу осум километри од Петриња, а потресот е регистриран во 9:51 часот.

„Денес, на 27 мај 2026 година, во 9:51 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба регистрираа умерен земјотрес со епицентар на 8 километри од Петриња. Магнитудата изнесуваше 3,7 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V степен според EMS скалата“, соопштија сеизмолозите.

Потресот бил почувствуван во Сисак и поширокиот регион, а тресењето на тлото било забележано и во Загреб и околните населби.

Граѓани на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објавија дека почувствувале „силен удар и долго тресење“.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.(МИА)

Поврзани вести