
Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, е пресреќен поради квалификацијата на тимот во Лигата на шампионите.
Комо синоќа го совлада Кремонезе со 4:1 и го искористи „киксот“ на Милан.
– Целиот мој живот, дури и кога правам замени, се потпирам на интуицијата. А пред натпреварот против Парма, чувствував дека две победи ќе бидат доволни за квалификација во Лигата на шампионите. Им покажав на играчите видео од велосипедист кој беше на шестото место, но во завршниот спринт, тој возеше со сета сила и ја доби трката. Токму тоа го направивме оваа сезона. Имавме неколку неуспеси – два порази и едно реми со Удинезе – па знаевме дека ни треба победничка серија, но се чувствувавме како секогаш да сме во трка. Го заслуживме ова место во елитното натпреварување, начинот на кој го постигнавме. Овој тим е полн со „деца“ – имаме 15 играчи под 23 години – па ова е ремек-дело од целиот тим. Тие слушаа, секогаш сакаа повеќе и ја кренаа летвата во вистинско време. Можам само да им симнам капа на овие играчи, бидејќи ние тренерите се обидуваме да ги туркаме, да им дадеме опции, да им посочиме каде има простор, но на теренот, тие прават сè. Многу сум среќен за луѓето од Комо, тие ја заслужуваат „оваа радост“, изјави шпанскиот тренер за „DAZN“.
Комо, со 71 бод по 38 натпревари, е четврти на табелата во италијанското фудбалско првенство. Тие ќе играат во Лигата на шампионите за прв па

Македонски



