Skip to main content

Ѓукиќ: Не очекува тежок натпревар во недела во Унгарија

Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп тимот на Охрид е пред најголемиот предизвик сезонава и в недела го игра првиот финален натпревар во ова европско натпреварување. Противник им е екипата на Татабања од Унгарија. Во редовите на унгарскиот тим настапува и македонскиот интернационалец Филип Талески.

Унгарскиот тим на патот до финалето постигна седум победи со три порази, додека охриѓани имаа девет победи и еден пораз (од Цеље во полуфиналето.

–  Не очекува тежок натпревар во недела, влогот е голем – европска титула. Според мене играме против една квалитетна екипа и мислам дека во финалето ниту една екипа не е фаворит и трофејот ќе го освои таа екипа што ќе има повеќе желба. Ќе се обидеме на првиот натпревар да одиграме што е можно подобро и со добар резултат да се вратиме во Охрид, изјави десно крило на Охрид, Дарко Ѓукиќ.

Првиот финален натпревар се игра в недела во Татабања со почеток во 17 часот, а реваншот на 31. мај во Охрид.

Минатата сезона трофејот во ова натпреварување го освои екипата на Алкалоид.