
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека украинската армија нападнала нафтена рафинерија во руската Јарославска област, околу 700 километри од границата со Украина.
– Ја враќаме војната дома, во Русија, и тоа е апсолутно фер, наведе Зеленски.
Украина ги засили нападите врз Русија со цел да ја попречи работата на руската нафтена индустрија и да ги намали приходите од неа, што ѝ помага на Москва да ја финансира војната против Киев.
Украинското Министерство за одбрана на платформата Икс објави дека Украина до вчера нападнала 11 руски нафтени објекти, вклучувајќи ја и една од најголемите руски рафинерии во Кириши.
Како резултат на нападите со украински беспилотни летала изминатите денови, речиси сите големи рафинерии во централна Русија беа принудени да го прекинат или намалат производството.

Македонски



