
Во Европска куќа вечерва во 19 часот ќе се одржи предавање насловено „(Дез)информации: историјат и предизвици“, во организација на Францускиот институт во Скопје.
Како што соопшти Институтот, предавањето ќе го одржи Фабрис Д’Алмеида, професор на најдобриот француски факултет за право Пантеон Асас, историчар на медиумите и специјалист на темата за дезинформации, кој ќе зборува за потеклото на дезинформациите и начините како да се заштитиме од нив.
Според Францускиот институт, ова предавање се впишува во настаните на тема информацијата во дигиталната ера и нуди конкретни алатки за нејзино критичко читање.
Настанот ќе го отвори Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, додека модератор ќе биде Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура и соработка.

Македонски


